logo
logo
logo

Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија

Vecer | 23.05.2023

Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија

Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука.

Полициските рации се извршени на осум локации што ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и мемориски и сим-картички.

Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје.

Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле кривични дела со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Преземале фотографии и видеа од тие страници, ги зачувувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации.

Ваквите снимки ги рекламирале на социјалните мрежи и преку „Пеј Пал“ ги продавале на други лица. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk