logo
logo
logo

Денеска ќе бидат сослушани 20 лица, меѓу кои и надлежниот министер за трагедијата во Нови Сад

Vecer | 02.11.2024

Денеска ќе бидат сослушани 20 лица, меѓу кои и надлежниот министер за трагедијата во Нови Сад

Како што се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство, паралелно со вештачењата што треба да се спроведат во најкраток можен рок, Обвинителството е целосно ангажиран за прибирање на сите известувања и информации, а наложено е дека за оваа цел , во текот на денот треба да бидат сослушани најмалку дваесет лица.

„Помеѓу другите одговорни лица од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорни лица од АД „Железница Србија“, одговорни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ претходно денеска најави дека од новосадската полиција бил информиран дека се на пат за Белград за да ја одземат документацијата од министерството надлежно за тоа, за транспорт и градежништво.

- Министерот ќе даде изјава и до полицијата, директорот на железницата и сите останати. Ми кажаа дека обвинителството им дало список од 20 лица кои треба да дадат изјава – изјави Дачиќ.

Тој нагласи дека јавноста мора да биде убедена дека секој што е одговорен за оваа несреќа ќе одговара.

Тој нагласи дека е неопходно да се воспостави целосна одговорност.

- Нема да бегаме од утврдување на одговорноста кој е виновен за ова. Но, сега треба да тргнеме од тие факти – посочи Дачиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk