logo
logo
logo

Деканот Дрид со полиција и маскирани лица на факултетот во Нови Сад: Хаотични сцени во раните утрински часови

Vecer | 01.09.2025

Деканот Дрид со полиција и маскирани лица на факултетот во Нови Сад: Хаотични сцени во раните утрински часови

Утринава, нешто после четири часот, деканот на Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ) во Нови Сад, Патрик Дрид, придружуван од полиција и неидентификувани маскирани луѓе, насилно влезе во просториите на факултетот.

Студентите, кои беа затекнати во зградата додека траеше блокадата, алармираа еден воен ветеран откако околу 4:14 часот слушнале кршење прозор – справа од главниот влез на приземјето.

Ветеранот за Н1 изјави дека пристигнал до ДИФ околу 4:20 часот и веднаш забележал полициско возило на паркингот.

Како што посочува, по кратко време видел како тројца – според неговите зборови, „батинаши“ – излегуваат преку еден од искршените прозорци. Двајца побегнале во различни насоки, додека трет бил привремено задржан од полицаец кој го ослободил брзо потоа, наводно, бидејќи му бил познат на полицијата.

Околу 4:45 часот пристигнала и интервентната единица на полицијата, опремена за растерување маса народ. Во меѓувреме, пред факултетот почнале да се собираат студенти и граѓани.

Полиција и хаос пред влезот на факултетот

Се прибирале и сведоци кои известуваат дека нешто после шест часот, двајца полицајци излегле низ прозор од внатрешноста на факултетот, а потоа повеќе припадници на полицијата ги поставиле околу сите влезови и прозорци.

Студентите повикуваат на поддршка

Во панични објави, студентите повикаа граѓаните да се придружат: „Маскирани насилници со придружба од полиција штотуку упаднаа на ДИФ. Доаѓајте пред факултетот!“

Големиот транспарент „ФСФВ?НС“ кој стоеше на зградата девет месеци, е тргнат од фасадата.

Со оглед дека ова не е прв ваков настан, се потсетува дека и претходно деканот Дрид на крајот од април се обидел да влезе на факултетот, но безуспешно. Тогаш бил повикан полицијата, по што дошло до судири и употреба на сила, па и бибер-спреј за растерување на присутните. Освен тоа, деканот бил навредуван и полиен со вода додека го изведувале кон санитетско возило.

Само пред неколку дена слична ситуација настанала и на Филозофскиот факултет во Нови Сад, при што деканот со неколку професори влегол и ги истерал студентите кои ја држеа блокадата. Потоа повикал полиција, која останала на дежурство пред зградата. Протести и понатаму се одржуваат пред оваа високошколска установа.

Инаку, деканот Патрик Дрид уште минатата седмица најави дека ќе влезе на ДИФ со помош на полиција.

Извори: 021.rs, N1

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk