logo
logo
logo

НИШТО, и по 28-ми пат

Vecer | 07.06.2025

НИШТО, и по 28-ми пат

Конститутивната седница на собранието на Приштина денес беше прекината по 28-ми пат, бидејќи предлогот на Движењето Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно повторно не беше прифатен.

Претседавачот на конститутивната седница, Авни Дехари, ја закажа следната седница за 9 јуни, понеделник, со почеток во 11 часот.

Во салата беа присутни 85 пратеници, јавуваат косовските медиуми.

„48 пратеници гласаа за, ниту еден против, нема воздржани. Се гледаме на 9 јуни во 11 часот“, рече Дехари, кој на почетокот на денешната седница потсети дека на претходните седници Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Српската листа не предложија членови за Комисијата за тајно гласање и ги покани да го сторат тоа денес.

Претставниците на тие партии не го сторија тоа ниту денес, па следеше гласање за формирање комитет за тајно гласање.

Самоопределување, исто така, на претходните продолженија на седницата побара претседателот на собранието да се гласа со тајно гласање, но ова барање не беше прифатено.

Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Аљбуљена Хаџију, иако во претходните обиди за избори таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за да биде избрана потребни се 61 глас.

Констутитивната седница започна на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари, ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.

Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово 24, Демократскиот сојуз на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок еден, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk