logo
logo
logo

ВЕДНАШ БЕА УАПСЕНИ српските студенти кои подготвуваа насилство во Белград, исто како и овие од Левица

Vecer | 23.03.2025

ВЕДНАШ БЕА УАПСЕНИ српските студенти кои подготвуваа насилство во Белград, исто како и овие од Левица

Слично видео во кое српските студенти подготвуваат насилство на протестот одржан на 15 март беше објавено на социјалните мрежи. На тоа видео т.н студенти кои всушност се членови на партијата „Покрет слободних граѓана“ планирале да предизвикаат немири и граѓански војна. Тоа и се случи бидејќи овие „студенти“ кршеа и палеа со цел да добијат преодна или техничка влада.

Состојбата во Македонија е идентична. Партиски членови се користат како студенти. Водач на овдешните студенти е Кирил Митановски од Левица.

Уште една сличност-во Србија како повод беше искористен падот на настрешницата, а во Македонија трагедијата во Кочани.

Аудио снимката на српските студенти е од состанок на организаторите снимен тајно со мобилен од еден од групата во која се разработувал детален план како да предизвикаат инциденти и упад во РТС и Парламентот.

Во снимката велат дека им треба мапа од Јавниот сервис и како да упаднат во живо во емисија и да кажат „Готов е“. За среќа тоа не се случи.

Спомнуваа„позитивни тепачи“, „пиздарии“, „упад“, граѓанска војна и рушење на Вучиќ и преодна влада.

Овие „хучкачи“ беа веднаш упасени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk