Страшна сообраќајна несреќа се случи утринава околу 5:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на српско–унгарската граница, при што едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено, јавува српски Блиц.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога возачот на патнички автомобил марка „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото, излетал од коловозот и се превртел.
Сопатникот Н.А (39) кој бил во возилото починал на самото место од здобиените повреди, додека возачот А.А. (60) е префрлен со тешки телесни повреди во Општата болница во Суботица.
На терен веднаш излегле надлежните служби, а увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица и сообраќајната полиција.
Истрагата е во тек и треба да утврди дополнителни околности кои довеле до трагедијата.
Полицијата во Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста во јавниот превоз.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата