logo
logo
logo

ВО АЛБАНИЈА ЕВАКУИРААТ ЦЕЛИ СЕЛА: Пожари беснеат низ цела земја (ВИДЕО)

Vecer | 27.07.2025

ВО АЛБАНИЈА ЕВАКУИРААТ ЦЕЛИ СЕЛА: Пожари беснеат низ цела земја (ВИДЕО)

Во Албанија пожари беснеат низ цела земја, кај Делвина евакуирани се три села.

Пожарот кој гори со денови, и во него изгореа 21 куќа и црква, поради силниот ветер се проширил кон други населени места поради што евакуирани се жителите на три села.

Операцијата продолжува со сите структури, потпомогнати од 60 пожарникари и четири противпожарни возила на вооружените сили, армиски хеликоптери како и на Унгарија.

За време на гаснењето, началникот на полициската станица Делвина, Агим Троци, од пламените јазици спаси дете и повозрасна жена, при што се здоби со изгореници и е хоспитализиран а 5 лица страдаа од задушување, објавија медиумите.

Состојбата со пожарите во селото Сасај се влошува, пламените јазици ги загрозуваат блиските домови, жителите од областа се евакуираат

Ситуацијата со пожарите во селото Сасај се влошува.

Дописникот на Топ ченел за Валона, Микел Марси, известува дека околу 50 домови во ова село се во опасност од големиот пожар што се приближува кон домовите.

За да се избегнат инциденти, полицијата ги евакуирала жителите, останувајќи во центарот на селото, бидејќи опасноста е во близина на домовите поради ветерот. Се дознава дека има околу 50 жители.

Во просек дневно се регистрираат по 30-тина пожари, од кои се изгорени над 450 хектари вегетација, маслинови насади и шума. Во текот на последните 24 часа се регистрирани 29 пожари, од кои 13 се сè уште активни, а 6 се под надзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk