logo
logo
logo

На пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се БОРАТ ЗА ЖИВОТ: Добила МОЗОЧЕН УДАР откако и била фрлена ШОК БОМБА!

Vecer | 04.03.2025

На пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се БОРАТ ЗА ЖИВОТ: Добила МОЗОЧЕН УДАР откако и била фрлена ШОК БОМБА!

Во Српското собрание денеска почна првата седница на редовната пролетна седница, а беше предложен дневен ред со 62 точки, меѓу кои и четири закони од областа на образованието, вклучително и измените на Законот за високо образование.

Налетот на опозицијата од клупите кон говорницата дојде неколку секунди по поставувањето на дневниот ред за денешната седница. Прво излегоа од клупите пред масата на претседателката, а потоа следуваше општ хаос со димни бомби кои потсетуваа на некогашните сцени од собранието во Приштина.

Како резултат на овие срамни напади, Јасмина Обрадовиќ (63), пратеничка од 2012 година и дипломиран економист, била погодена од димна бомба, по што доживеала мозочен удар.

- Јасмина Обрадовиќ, на која и фрливте шок бомба, доживеа мозочен удар и е во опасност да умре. Заради вас жената се бори за живот, рече Ана Брнабиќ во Собранието.

Видеото во кое на пратеничката и се пружа помош можете да го погледнете ОВДЕ.

Брнабиќ изјави дека уште една пратеничка, Соња Илиќ која е во осмиот месец од бременоста е повредена.

- И се слоши од солзавецот и димните бомби. Настрада само затоа што се осмели да има поинакво мислење, тоа го направивте, да загине и таа и да го загуби бебето, рекла Брнабиќ.

Третата повредена пратеничка е Јасмина Каранац, која се здобила со тешки телесни повреди била удрена во глава со шок-бомба. Како тоа да било малку била испрскана со бибер-спреј и била погодена со шише во главата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk