Ноќеска, малку пред три часот, голем пожар избувна во близина на Јесенице, населба во општина Дуги Рат во Хрватска.
Ова за „Слободна Далмација“ го потврдија од Окружниот противпожарен оперативен центар (ŽVOC) во Сплит.
Видеата од социјалните мрежи го покажуваат пожарот како се шири на ридот над куќите и пожарникарите како се обидуваат да ги одбранат зградите од пламенот.
Хрватскиот весник наведува дека на терен има 133 пожарникари со 44 возила.
Се наведува дека пожарот е активен, зградите се бранат, а се чека и помош од пожарникари.
Утрово околу 02:54 часот над Сумпетер и Јесеница, поточно во близина на селото Старо Село, избувнал пожар и се гаси – соопшти Сплитско-далмацискиот полициски оддел.
Според извештаите, патот Д8 од Мутограс до Омиш е затворен за сообраќај од утрово во 06:15 часот. Полициските службеници се на терен, го пренасочуваат сообраќајот и им помагаат на пожарникарите.
Возачите се повикуваат да ги следат упатствата и наредбите на полициските службеници на терен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата