logo
logo
logo

РАМА: ВЛЕЗ ВО ЕУ макар и без право на вето

Vecer | 27.05.2026

РАМА: ВЛЕЗ ВО ЕУ макар и без право на вето

Албанскиот премиер Еди Рама отворено ја поддржа идејата за привремено ограничување на правото на вето во процесот на проширување за идните земји членки. Оваа порака доаѓа во период кога во Брисел сериозно се дебатира за нов модел на пристапување „чекор по чекор“, кој на земјите кандидат би им овозможил делумен пристап до европскиот пазар и до институциите на Унијата уште пред полноправното членство.

„Нема да се колебаме, ќе направиме сè што е потребно за да влеземе“, изјави Еди Рама, потенцирајќи дека Тирана отсекогаш била 100 отсто усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Албанскиот премиер ги отфрли стравувањата дека неговата земја со овој чекор целосно ќе го изгуби правото на глас на патот кон ЕУ. Според него, актуелната геополитичка ситуација и војната на европско тло бараат итни, креативни и иновативни решенија за интеграција на Западен Балкан, кои се разликуваат од традиционалните бирократски процеси.

Дека Европската Унија се подготвува за внатрешни реформи потврди и новата комесарка за проширување, Марта Кос. Таа призна дека во Брисел моментално се дискутира за широк спектар на опции со кои би се забрзал процесот за новите членки.

Сепак, Кос испрати и јасно предупредување дека сите заштитни механизми на ЕУ би биле силно активирани само доколку идните членки на кој било начин престанат да ги почитуваат темелните правила и вредности на Унијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk