logo
logo
logo

ЦИК на БиХ донесе одлука за одземање на мандатот на Милорад Додик

Vecer | 06.08.2025

ЦИК на БиХ донесе одлука за одземање на мандатот на Милорад Додик

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) едногласно донесе одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, врз основа на потврдената пресуда на Судот на БиХ.

Членот на ЦИК, Суад Арнаутовиќ, појасни дека оваа одлука сѐ уште не е конечна и ќе влезе во сила дури по истекот на рокот за жалба.

Постапката може да се одолговлечи еден до два месеци поради административни процедури, а веднаш по потврда од Апелациониот суд, доколку таа одлука остане, се очекува да бидат распишани предвремени избори во рок од 90 дена.

На ваквата постапка бурно реагираше Милорад Додик, претседателот на Република Српска, кој преку платформата Х напиша:

Неколку минути подоцна, тој објави нова порака, овој пат со помирлив тон:

Одлуката за престанок на мандатот е сѐ уште не конечна и Додик има право на жалба.

Ова следи по потврдата од страна на Апелациониот совет на Судот на БиХ, според која Милорад Додик беше осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко ангажирање.

Извор: N1

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk