logo
logo
logo

Честитка на МАЕИ до премиерот Еди Рама за повторниот избор на функцијата

Vecer | 05.10.2025

Честитка на МАЕИ до премиерот Еди Рама за повторниот избор на функцијата

Во честитката, потпишана од претседателот на партијата Васил Стерјовски, се нагласува дека ова е нов мандат на доверба што граѓаните на Албанија му го дадоа на премиерот Рама да продолжи да ја води земјата кон развој и европска интеграција.

-Македонската заедница во Албанија, како неразделен дел од албанското општество, ги цени чекорите преземени од Вашата влада за унапредување на правата на националните малцинства, вклучувајќи го и македонското. Убедени сме дека за време на вашиот нов мандат, овој процес ќе се продлабочи уште повеќе, обезбедувајќи целосно почитување и застапеност на малцинствата во согласност со европските стандарди, се наведува во честитката на МАЕИ.

Партијата дополнително изразува надеж дека владата ќе продолжи да инвестира во областите каде што живее македонската заедница, особено во инфраструктурата, образованието, културата и економскиот развој, со цел подобрување на животот на граѓаните и зачувување на македонскиот национален идентитет.

На крајот, Македонска алијанса за европска интеграција му посакува на премиерот Еди Рама понатамошни успеси во неговата благородна работа за развој на Албанија и зајакнување на демократијата, на патот кон членство во Европската Унија.

МАЕИ на последните парламентарни избори во Албанија, што се одржаа на 11 мај, беше во коалиција со Социјалистичката партија, како единствена партија со која социјалистите на Рама коалицираа.  На кандидатската листа за пратеници за округот Корча беше Стерјовски, кој беше единствен Македонец на кандидатска листа во сите 12 изборни единици од сите партии. Тој на изборниот митинг во Корча, на кој присуствуваше и Рама присутните ги поздрави на македонски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk