Глобалната неизвесност останува сеприсутна. Настаните на дневна основа не влеваат надеж дека нè очекува сигурна иднина.
Геополитичките тензии на тој начин оставаат последици за целата економија, а со тоа и за пазарот, чија сè почеста волатилност ги прави земјите сè понервозни и понесигурни. Затоа тие преземаат одредени чекори за да се обезбедат за време на нестабилна глобална ситуација.
Србија презеде слични чекори со повлекување на сите свои златни резерви во вредност од околу шест милијарди долари од странство, со што стана првата земја во Источна Европа што нема да ги чува своите златни резерви во традиционалните центри во Швајцарија, Америка и Велика Британија.
Сепак, не се само државите несигурни поради секојдневните појавувачки тензии. Инвеститорите, низ целиот свет со големо внимание ги следат светските настани и соодветно ги прават своите следни потези на пазарот.
Тие светски околности влијаеле Србија да донесе одлука за повлекување на златните резерви, што ќе има големо влијание домашниот пазар и врз многу инвеститори.
Во споредба со претходната година, цената на златото е повисока за дури 36%! Во споредба со претходните шест месеци, тој раст е околу 18%, додека цената на златото е стабилна во последниот месец. Ваквите резултати покажуваат дека во нестабилни времиња, златото е сè уште најпаметниот избор и за искусните инвеститори и за оние кои штотуку се подготвуваат да ја започнат својата пазарна авантура.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата