logo
logo
logo

СУДБИНАТА Е НЕПРЕДВИДЛИВА: Лидија, од бебе фрлено до контејнер до успешна жена

Vecer | 08.12.2025

СУДБИНАТА Е НЕПРЕДВИДЛИВА: Лидија, од бебе фрлено до контејнер до успешна жена

Лидија Иванковиќ е родена во Скопје во 1979 година. Како бебе, била оставена покрај контејнер и потоа посвоена од семејство во Србија, каде што и денес живее.

Детството го поминала во љубов и грижа, но без одговори за своето потекло. Ниту документ, ниту фотографија, ниту еден детал кој би ја поврзал со нејзините биолошки родители. Единствено што знае е дека била пронајдена во главниот град на Македонија.

По 47 години, Лидија решава дека е време да ја дознае вистината. Преку социјалните мрежи, телевизиски емисии и портали, ја објавува својата приказна во надеж дека некој од Скопје ќе препознае дел од нејзината судбина.

Сакам само да ја најдам мајката што ме родила,“ вели таа. „Не барам ништо – само да ја видам, да ѝ кажам дека сум добро и дека не ѝ замерувам.

Нејзиниот апел предизвика емотивна реакција кај јавноста. Десетици луѓе ѝ пишале, нудејќи поддршка и можни насоки. Некои ѝ испратиле стари информации за случаи на посвојување од 70-тите и 80-тите години, други едноставно ѝ посакале сила и надеж.

Лидија вели дека нејзината потрага не е само лична, туку и човечка приказна за сите кои се чувствуваат изгубени помеѓу два света. „Сакам да го затворам кругот – да знам кој сум и од каде доаѓам“ додава таа.

И додека минуваат годините, Лидија не губи надеж. Вели дека верува во случајности, во добри луѓе и во тоа дека вистината секогаш излегува на виделина. Нејзината приказна е потсетник дека љубовта и потребата да се пронајде својот корен се посилни од времето, тишината и далечината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk