logo
logo
logo

Бугарскиот парламент одби расправа за референдум за еврото, Радев остро реагира

Vecer | 14.05.2025

Бугарскиот парламент одби расправа за референдум за еврото, Радев остро реагира

Како резултат на тоа, Народното собрание нема да го разгледува барањето на Радев за гласање на предлогот за одржување на референдум за воведување на еврото од 2026 година. Со ова се исклучува можноста претседателот подоцна да го повика Уставниот суд, бидејќи без одлука на парламентот нема што да се испрати до Судот.

Од прес-службата на Собранието соопштија дека предлогот за референдум е вратен како недозволен. Во образложението на Киселова се наведува дека предлогот е спротивен на Уставот, на Договорот за функционирање на Европската Унија, на Договорот за пристапување на Република Бугарија во ЕУ и на Законот за директно учество на граѓаните во државната власт и локалната самоуправа.

Исто така, во образложението се наведува дека предлогот на претседателот и мотивите не се усогласени со одлуката на Уставниот суд по иницијативата на „Преродба“ за референдум по прашањето за еврото.

Во меѓувреме, премиерот Росен Желјазков и гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев потпишаа став за поддршка на воведување на еврото во Бугарија од 1 јануари 2026 година.

Синоќа Радев изјави дека „во стравот од гласот на бугарските граѓани за подготвеноста на Бугарија да воведе евро во 2026 година, новото мнозинство во парламентот ги прекрши Уставот и законите, злоупотребувајќи ја претседателката на Собранието“.

Според претседателот, одлуката на Киселова „ја урива и она малку преостаната доверба во институциите и ги разобличува нивните претензии дека работат во интерес на граѓаните и ја почитуваат нивната волја“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk