logo
logo
logo

Бугарија ЗАБРАНИ влез на автомобили со руски регистарски таблички

Vecer | 02.10.2023

Бугарија ЗАБРАНИ влез на автомобили со руски регистарски таблички

До крајот на денешниот ден Бугарија ќе забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички, најави шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов.

„До крајот на денешниот ден ќе почне забраната за влез на руски автомобили на територијата на Бугарија“, рече Златанов и додаде дека забраната за влез на руски камиони е во сила веќе неколку месеци.

Забраната, која е дел од санкциите што Европската Унија ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина, веќе е во сила во Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Финска и Норвешка, која не е членка на ЕУ.

Финските власти претходно појаснија дека забраната нема да влијае на граѓаните и семејствата од ЕУ, вклучително и оние со други државјанства кои постојано живеат во Русија. Исто така, ограничувањата не важат за возила со дипломатски регистарски таблички и возила кои вршат хуманитарен превоз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk