logo
logo
logo

Ревизија

Бугарија бара ПРОМЕНА НА УЧЕБНИЦИТЕ, СПОМЕНИЦИТЕ... Македонија нема одговор

Vecer | 23.02.2022

Бугарија бара ПРОМЕНА НА УЧЕБНИЦИТЕ, СПОМЕНИЦИТЕ... Македонија нема одговор

Бугарите да влезат во Уставот на Република Северна Македонија, промена на учебниците, отстранувањето на навредливите написи по спомениците, решавање на сите прашања од црните страни на историјата и прекин на говорот на омразата се условите кои Бугарија ги поставува за отстранување на ветото за почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Ова по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, го изјави Петар Колев, претседателот на партијата на Бугарите во Македонија. За овие прашања се очекуваат резултати, а не рокови, без конкретни резултати ветото останува. Ова се ветувањата на Петков, изјави Колев.

Според Колев, Петков освен со Уставот, условува и со промена на учебниците, натписите по спомениците, историјата...

Бугарите да влезат во Уставот на Република Северна Македонија, промена на учебниците, отстранувањето на навредливите написи по спомениците, решавање на сите прашања од црните страни на историјата и прекин на говорот на омразата се условите кои Бугарија ги поставува за отстранување на ветото за почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Ова по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, го изјави Петар Колев, претседателот на партијата на Бугарите во Македонија. За овие прашања се очекуваат резултати, а не рокови, без конкретни резултати ветото останува. Ова се ветувањата на Петков, изјави Колев.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков вчера имаше средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија, на која рекол дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер.

Дописникот на МИА од Софија, јави дека средбата се одржала на иницијатива на македонските Бугари, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

Петков ја запознал делегацијата и за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

Петар Колев, претседателот на партијата Граѓанско демократска унија (ГДУ) за БГНЕС изјави дека бугарскиот премиер јасно кажал дека правата на Бугарите во Македонија се приоритет број еден за него и за владата, како и дека меѓу клучните приоритети на бугарската надворешна политика е промената на учебниците во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk