logo
logo
logo

Буџетот на Албанија за идната година поминa под чад од димни бомби

Vecer | 07.12.2023

Буџетот на Албанија за идната година поминa под чад од димни бомби

Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути.

На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници.

Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена.

Како што изјави министерот за финансии и економија, Ервин Мете, буџетот тежи над 7 милијарди евра, поддржува натамошен економски развој, унапредување на вработувањето и социјална заштита, рече тој.

- Во нашите проекции предвидуваме економски раст од 3,8 отсто, натамошна фискална консолидација, зголемување на вработеноста и намалување на инфлацијата. Посебен акцент се става на зголемувањето на пензиите и платите и овозможување да се постигне целта поставена од владата просечна плата да достигне 900 евра, најави Мете.

Со буџетот, според него за првпат ќе биде испочитувано потребното ниво поврзано со обврските за членство во НАТО, со 2 отсто од бруто домашниот производ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk