Околу десетина маскирани лица брутално нападнаа четворица воени ветерани и сопственикот на локал во кој седеле во Белград. Инцидентот уследи откако ветераните претходно ги снимале припадниците на воената полиција и им упатиле саркастични коментари како „Пумпај!“ и „Убаво изгледате без маски“.
Нападот беше особено насилен и се смета дека е директно провоциран од тој видео запис.
Воената полиција „Кобри“ тогаш дисциплинирано стоеше на пешачки премин на Булевар ослободување, чекајќи зелено светло, не очекувајќи дека некој посебно ќе им се обрати. Ветераните пак, според присутните, ги коментирале нивните постапки последниов период, особено сцената во Нови Сад кога обезбедуваа партиски простории на Српската напредна партија и се повлекоа пред револтирани граѓани.
Ајде, пумпај! Браво момци, чувајте ни ги децата... Убави сте сега без маски... Храбри момци, а? Браво, браво! Браво кобраци! Како беше во Нови Сад, а? Добро, добро... Браво! Пумпај! Пумпај! Браво кобри! Ќе биде ли пак како во Нови Сад, а? Само симнете ги маските... Бидете достојни на тоа... П***и едни!
По кратката вербална размена, секој заминал по својот пат – полициската единица продолжила да маршира, а ветераните седнале во блиското кафе-бар.
Околу 19 часот вечерта, десетина маскирани и вооружени лица влегле во локалот и со бејзбол и телескопски палки започнале да ги тепаат ветераните и сопственикот на објектот кој бил со нив.
„Напаѓачите веднаш почнаа да удираат по луѓето кои седеле на масата, некои удрија и од зад грб. Петмина добија повреди, од кои двајца се сомневаат на потешки телесни повреди. Помош им беше укажана на Воено-медицинската академија“, изјави за Nova.rs адвокатот Предраг Марковиќ, застапник на дел од нападнатите ветерани.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и зеде изјави од нападнатите. Денеска тие треба дополнително да дадат искази во полицијата на Савски Венец. Министерството за внатрешни работи сè уште нема дадено официјално соопштение за настанот.
Извор: Nova.rs
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата