logo
logo
logo

Британски свингери се снимаат на хрватско приморје: „Само што отидовме на свингерска забава“

Vecer | 02.05.2023

Британски свингери се снимаат на хрватско приморје: „Само што отидовме на свингерска забава“

Свингерски пар пристигна во Хрватска од Англија, а нивното видео од јадранското крајбрежје стана вирално. Имено, краткото видео го погледнале 1,9 милиони луѓе.

- Среќни свингери во Хрватска, на одмор сме - напишаа Самер и Марк со видеото објавено на Тик Ток.

Во видеото, парот е на балконот на хотел во близина на плажата, а се облечени во костими за капење. Иако не открија каде точно се наоѓаат во Хрватска, парот сними видео како одат на свингерска забава.

- Во брак сме 23 години и сакаме да се луламе. Споделувањето партнери е нашата страст – напишаа во описот на едно од видеата.

Палавата двојка на Тик Ток ја следат речиси 40 илјади луѓе, а често споделуваат видеа каде се среќаваат со други свингери. Сопружниците се изненадуваат со нови партнери, но следбениците во коментарите не се ентузијасти.

-Не ми се верува дека некој пар живее така за тие години, многу чудно и мрзливо - напишале едни, додека други ги поддржуваат во изборот.

-Можат да прават што сакаат, никому не повредуваат со ваков живот - заклучува еден следбеник во коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk