logo
logo
logo

Британија испраќа уште 200 војници за да му се приклучат на КФОР на Косово

Vecer | 01.10.2023

Британија испраќа уште 200 војници за да му се приклучат на КФОР на Косово

„По барање на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа и одобрение од Северноатлантскиот совет, Обединетото Кралство во наредните денови ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон од Полкот на кралската принцеза од Велс за да се приклучат на британскиот контингент од 400 војници, кои се веќе во земјата како дел од годишната вежба“, се наведува во соопштението на Владата на Велика Британија.

Единицата на британската армија е доделена на командантот на силите на НАТО на Косово на специјално барање на врховниот командант на сојузничките сили во Европа, американскиот генерал Крис Каволи.

„Ова распоредување го покажува лидерството и агилноста на Министерството за одбрана на Британија и ќе обезбеди дополнителна сила и експертиза на НАТО, како дел од нашата непоколеблива посветеност на Алијансата“, се додава во соопштението.

Адмирал Тони Радакин, началник на Генералштабот на одбраната рече дека Велика Британија продолжува да биде основен дел од НАТО Алијансата, споделувајќи воена експертиза и сила.

„Проширувањето на нашата поддршка за КФОР ја нагласува нашата непоколеблива посветеност на НАТО и безбедноста на регионот на Западен Балкан. Под команда на НАТО и работејќи заедно со силите на другите сојузнички нации, силите на Британија ќе бидат достапни за извршување операции во согласност со мандатот на КФОР за одржување на сигурна и безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе во Косово“, рече адмирал Радакин.

Посветеноста на Обединетото Кралство кон КФОР беше продолжена во мај 2023 година кога министерот за одбрана Џејмс Хепи објави дека земјата ќе продолжи да придонесува во мисијата на НАТО најмалку до 2026 година.

Силите на Британија имаат клучна улога во одржувањето на мирот и зајакнувањето на безбедноста во регионот повеќе од две децении и заедно со нивните сојузници продолжуваат да демонстрираат колективна сила во справувањето со сложените прашања со кои се соочува светот денес, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk