„По денешниот ужасен и кукавички терористички напад врз косовските полицајци, Борел разговараше со премиерот Курти. Тој најостро ја осуди денешната агресија“, се вели во соопштението на ЕУ, а пренесе Косово онлајн.
Високиот претставник Борел изрази сочувство до семејството, колегите и роднините на полицаецот кој го загуби животот на должност, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување.
Високиот претставник му се јавил и на претседателот Вучиќ.
Борел го повтори својот повик до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги пуштат верниците од манастирот Бањска безбедно да си заминат“, се додава во соопштението.
Тој повика на повторно воспоставување на мирот и стабилноста.
Се додава дека ЕУЛЕКС, како втор безбедносен фактор, ја следи ситуацијата на терен и е подготвен да ги поддржи косовските институции во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на сите заедници, во согласност со својот мандат и во тесна соработка со Кфор.
Во соопштението се посочува дека специјалниот претставник на ЕУ за Косово е во близок контакт со властите на терен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата