logo
logo
logo

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Vecer | 18.04.2025

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.

Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине емитувањето програма од РТС.

Пред централниот објект на РТС во центарот на Белград студенти во блоакда и граѓани   со свирчиња и вувузели изразуваа незадоволство од работата на Јавниот сервис.

Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.

Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во тоа.

„Овој празник го дочекуваме под ведро небо пред РТС, бидејќи сметаме дека борбата за вистината не смее да престане ниту за време на празниците. За сите овие денови на блокада, станавме семејство... И вие сте дел од тоа семејство, вие сте со нас. Нашиот Велигден е и ваш“, пишува во објавата на Студентите во блокада на нивниот Инстаграм профил.

Тие испратија писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми).

„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk