logo
logo
logo

БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј

Vecer | 27.05.2025

БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј

Како што потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево за порталот Klix.ba, на Клиничкиот центар во Сараево се примени шест лица, од кои две се во животно загрозувачка состојба.

Меѓу повредените се еден државјанин на Пакистан и пет лица од Авганистан.

Полицијата продолжува со интензивна потрага по сите учесници во инцидентот, а теренот беше детално пребаруван со полициски дрон.

Во текот на ноќта повеќе лица биле испрашани како сведоци, додека неколкумина се приведени и се наоѓаат во просториите на Управата на полицијата на МВР на КС, со статус на осомничени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk