Уставниот суд на Косово денес ја објави пресудата со која даде дополнителен рок од 30 дена за конституирање на парламентот.
Судот едногласно го прифати барањето за оценка на уставноста поднесено од Демократскиот сојуз на Косово и Демократската партија на Косово во врска со конститутивните седници на парламентот.
Уставниот суд утврди дека избраните пратеници на Собранието на Косово не ја спровеле пресудата на тој суд од 26 јуни и дека како резултат на тоа сите последователни седници се прогласени за неважечки.
Судот, со шест гласа „за“ и еден „против“, му наложи на претседателот на конститутивната седница да ја продолжи седницата од точката на дневниот ред на која е изборот на претседател и потпретседател на парламентот, да го покани претставникот на најголемата парламентарна група да предложи кандидат за претседател на собранието кој се избира со јавно гласање, при што еден кандидат може да се изјасни најмногу три пати.
Со шест гласа „за“ и еден „против“, судот наложи избраните пратеници да го изберат претседателот и потпретседателите на Собранието на Косово во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на пресудата.
Судот ја остави на сила привремената мерка воведена на 24 јули до стапувањето во сила на новата пресуда и по нејзиното објавување во Службен весник на Косово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата