logo
logo
logo

„ТРИ КИЛОГРАМИ ЕКСПЛОЗИВ!“ - Евакуирани училишта и трговски центри во Сараево

Vecer | 16.04.2026

„ТРИ КИЛОГРАМИ ЕКСПЛОЗИВ!“ - Евакуирани училишта и трговски центри во Сараево

Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија.

Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа испратени да ја проверат ситуацијата на терен.

Анонимните испраќачи навеле дека во SCC е поставен еден килограм експлозив, а во Алта е поставен уред со два килограми експлозив, со далечински управуван детонатор.

Како што потврди за локалните медиуми портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ, закани за бомби пристигнале преку е-пошта на адресите на полицијата и некои медиуми.

Закани добиле и најмалку четири основни и средни училишта. Според пишувањето на локалните медиуми, учениците се евакуирани, а полицијата спроведува контрасаботажна инспекција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk