logo
logo
logo

Внукот коцкар ДОШОЛ ПО ПАРИ КАЈ БАБАТА И ДЕДОТО, НЕ ДОБИЛ - И ГИ УБИЛ

Vecer | 27.09.2025

Внукот коцкар ДОШОЛ ПО ПАРИ КАЈ БАБАТА И ДЕДОТО, НЕ ДОБИЛ - И ГИ УБИЛ

Телата на сопружниците Момчило (79) и Живадинка (76) се пронајдени утрово по полноќ во семејната куќа во селото Богова кај Јагодина, а се сомнева дека се заклани од внукот на М.М. (39) кој е во бегство.

Имено, како што неофицијално дознаваме, двојното убиство се случило вчера, а телата се пронајдени утрово околу 4 часот кога наводниот зет пријавил во полиција дека не може да влезе во куќата на неговиот свекор и свекрва.

Обдукцијата ќе го покаже точното време кога е извршено ова грозоморно злосторство. Полицијата го бара нивниот внук од околината на Јагодина, кој бил виден кај нив вчера.

- Се сомнева дека мотивот се нерешени семејни проблеми од претходен период. Внукот наводно имал големи долгови од коцкање. Со денови ги посетувал своите баба и дедо, странски пензионери, со надеж дека ќе му дадат пари за да се „извлече“ од долгови - рекол еден од соседите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk