Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Западниот Балкан е регион од стратешко значење за Алијансата, таа ја оцени соработката со Србија како широка, практична и резултат на договор меѓу двете страни, а кога станува збор за ситуацијата на Косово и Метохија, таа истакнува дека целта на КФОР е да обезбеди безбедна средина за сите.
„Соработката е широка - од политички дијалог до практична соработка. НАТО помогна во обуката на дел од мировните сили на Србија, поддржа уништување на застарена муниција и програми за воено образование. Тоа е практична соработка и резултат на договор на двете страни. Секогаш велиме дека партнерствата како танго бараат две страни“, изјави Шекеринска за Танјуг, на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО во Брисел.
Таа додаде дека НАТО го гледа КФОР како можност за поддршка на политичкиот дијалог, наведувајќи дека тоа е област во која НАТО и ЕУ имаат стратешка соработка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата