logo
logo
logo

ЕДИНСТВЕНА ЕУ ДРЖАВА ШТО НЕ ГО ПРИФАТИ: Што и пречи на Бугарија во Акцискиот план?

Vecer | 07.01.2026

ЕДИНСТВЕНА ЕУ ДРЖАВА ШТО НЕ ГО ПРИФАТИ: Што и пречи на Бугарија во Акцискиот план?

Бугарија била единствената земја  од ЕУ што не го прифати Акцискиот план за малцинства што го изготви македонската влада. Премиерот Мицкоски рече дека единствената причина за тоа е тоа што бил напишан на македонски јазик и оти ова уште еднаш покажа кои се вистинските намери на источниот сосед.

Многумина се прашуваат што е Акцискиот план за малцинства и за што служи. „Република.мк“ со објаснување за овој документ кој може да биде дополнително отежнување меѓу односите меѓу Софија и Скопје.

Акциски план за малцинства е официјален документ (план) што го изработува држава, општина, институција или организација со цел да се подобри положбата на етничките, јазичните, верските или други малцинства во општеството.

Тој содржи конкретни цели,мерки и активности и рокови. Најчесто се однесува на образование, вработување и економска еднаквост, култура и зачувување на идентитет.

Во контекст на пристапните преговори со Европска Унија, Македонија изготви Акциски план за правата на малцинствата и заедниците како дел од исполнување на барањата од ЕУ стратегиите за човекови права и за малцинства. Овој документ треба да покаже што земјата ќе преземе за подобрување на положбата на малцинските заедници.

Што предвидува европскиот консенсус“ од 2022 година

Европски консензус“ од 2022 година се однесува на заеднички прифатени заклучоци и принципи на Советот на Европската Унија, што беа усвоени во јули 2022 година и кои го поставија рамковниот принцип за продолжување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

ЕУ во тој консензус нагласи дека Македонија треба да ги почитува и спроведува договорите што ги има со соседите, вклучителн Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. Овие договори се сметаат како дел од исполнување на политичките критериуми за членство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk