Vijesti.me пишува дека автобусот слетал меѓу Обзовица и Брајиќ. Според првичните информации, во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници.
Возачот на автобусот е приведен во полиција. Во 13:10 часот е завршена потрагата по остатоците од автобусот. Се уште се пребарува областа за да се утврди дали некој паднал од автобусот. Автобусот на компанијата „Паповиќ“ превезувал патници на релација Никшиќ-Будва.
Сообраќајот се одвива по третата лента за да може возилата на брзата помош што побрзо да ги пренесат повредените патници до болниците. На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње. На местото на настанот пристигнале и три противпожарни возила.
На екипите на итната помош, лекарите и медицинскиот персонал на Клиничкиот центар, како и на цетинската болница им е дадена препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените. Медиумите јавуваат дека возачот наеднаш излетал од патот и на полицијата ѝ рекол дека наеднаш почувствувал силна болка во главата.
„На магистралниот пат Цетиње-Будва се случи сообраќајна незгода, поради што автобусот излетал од патот. На лице место се сите расположливи единици на Полициската управа, итната медицинска помош и Управата за итни случаи Ситуации“, соопшти црногорската полиција.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упати сочувство до семејствата на загинатите, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на повредените. „Изненаден сум од веста за сообраќајната несреќа во Обзовица, нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените“, напиша Милатовиќ на социјалната мрежа Икс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата