logo
logo
logo

Авионот на Вучиќ слета во Москва, по принудното слетување во Баку

Vecer | 07.05.2025

Авионот на Вучиќ слета во Москва, по принудното слетување во Баку

Да ве потсетиме дека Вучиќ замина во најавена посета на Москва, каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, но авионот со кој леташе изврши принудно слетување во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор, пренесе Телеграф.

Според информациите, авионот на српскиот претседател не можел да продолжи понатаму кон руска територија поради безбедносни ризици - вклучувајќи ги ефектите од системите за воздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликт.

Авионот на српската влада полета од Баку за Москва околу 14:10 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk