logo
logo
logo

Авионот на Вучиќ полета од Баку, попладнево конечно ќе пристигне во Москва

Vecer | 07.05.2025

Авионот на Вучиќ полета од Баку, попладнево конечно ќе пристигне во Москва

Според веб-страницата „Флифтрадар“, државниот авион се движи кон Москва, дознава Телеграф.

Да ве потсетиме дека Вучиќ замина на најавена посета на Москва, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој леташе изврши принудно слетување во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор.

Според информациите, авионот на српскиот претседател не можел да продолжи понатаму кон руска територија поради безбедносни ризици - вклучувајќи ги ефектите од системите за воздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликт.

Со оглед на зголемената тензија и воените операции што се водат во Источна Европа, летот за Москва беше прогласен за небезбеден, а претседателската делегација беше запрена во Баку, главниот град на Азербејџан.

Авионот полетал за Москва и се очекува да пристигне околу 16 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk