logo
logo
logo

Авионот на српскиот преседател Вучиќ слета во Баку!

Vecer | 07.05.2025

Авионот на српскиот преседател Вучиќ слета во Баку!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, замина во најавена посета на Москва, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој лета мораше принудно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор!

Според српските медиуми, авионот на претседателот на Србија не можел да оди понатаму на територијата на Русија поради безбедносни ризици - вклучително и ефектите од системите за противвоздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликтот!

Со оглед на зголемената тензија и воените операции кои моментално се одвиваат во Источна Европа, летот за Москва беше прогласен за небезбеден, а претседателската делегација беше запрена во Баку, главниот град на Азербејџан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk