logo
logo
logo

Атина: Потребна соработка со либиските власти за да се спречи воспоставување нова миграциска рута

Vecer | 02.07.2025

Атина: Потребна соработка со либиските власти за да се спречи воспоставување нова миграциска рута

 Потребата за соработка со либиските власти со цел да се спречи воспоставување нова миграциска рута од источна Либија до Крит била истакната на состанокот на владиниот совет за национална безбедност што денеска го одржа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот, според Маринакис, биле разгледани последните случувања во поширокиот регион, а се дискутирало и за миграцијата.

За мигрантските бранови од Либија и потребата да се спречи воспоставување на новата рута, била нагласена и „европската димензија на прашањето и во пресрет на претстојните посети на Либија на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и надлежниот комесар на ЕУ Магнус Брунер“.

Дополнително, на состанокот се разговарало и за прашањата поврзани со вооружените сили на Грција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk