logo
logo
logo

Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

Vecer | 01.11.2025

Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е резултат на „колективните напори“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од општина Атина, во категоријата за најдобра европска културна дестинација, грчката метропола беше избрана меѓу градови како Париз, Лондон, Прага, Рим, Венеција, Лисабон и Порто, додека пак во другата категорија ги победи Мадрид, Берлин, Лондон и други европски центри.

- Признанието на Атина како водечка културна дестинација е резултат на колективен напор. Наградата им припаѓа на луѓето на градот, на туристичките работници, уметниците и на вработените кои секојдневно го одржуваат жив пулсот на Атина. Во нашиот град минатото се среќава со иднината, културата со современиот живот, а традицијата со иновацијата. Со план и доследност, стабилно се искачуваме на европската културна и туристичка карта, истакна Дукас.

Минатата година Атина беше прогласена за најдобра светска културна дестинација и најдобра европска City Break дестинација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk