logo
logo
logo

Американската амбасада издаде безбедносно предупредување поради инцидентот пред српскиот парламент

Vecer | 22.10.2025

Американската амбасада издаде безбедносно предупредување поради инцидентот пред српскиот парламент

Како што Амбасадата објави на мрежата X  имало пукање во кое непознат број луѓе биле повредени, по што избувнал пожар во Пионирски парк прд улицата од Парламентот во центарот на Белград.

„Во овој момент, инцидентот се чини дека е локализиран и нема познати закани за американските граѓани. Амбасадата им советува на сите американски граѓани да ја избегнуваат областа“, се вели во објавата.

Неколку шатори, поставени од поддржувачи на владејачката партија на платото пред српскиот парламент во центарот на Белград, изгореа денеска во пожар што избувна околу 10 часот наутро, а кој подоцна беше локализиран. На пожарот му претходел инцидент во кој еден маж бил ранет, а друг бил уапсен за нападот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk