Во соопштението објавено на платформата Икс, американската амбасада изрази длабока загриженост поради „противуставните и антидејтонски закони“ донесени од парламентот на РС, како и за указот за нивна примена, потпишан од претседателот Милорад Додик.
„Им порачуваме на сите политички лидери, особено на оние кои стојат зад овие одлуки: воздржете се од понатамошна дестабилизација и провокативна реторика. Вклучете се во конструктивен и одговорен политички дијалог. Поддржете ги демократските институции на БиХ и владеењето на правото“, се наведува во соопштението.
САД нагласуваат дека цврсто го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ и нејзиниот пат кон евроатлантската интеграција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата