logo
logo
logo

Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот и е во интерес е на двете земји

Vecer | 15.09.2024

Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот и е во интерес е на двете земји

Оваа инвестиција, како што изјави Алиу за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), е во интерес на двете земји, бидејќи, меѓу другото, ќе придонесе за развојот на зимскиот туризам.

Тој рече дека обврските што ѝ следуваат како Влада, што се однесува од сегментот Стружа на косовската страна од патот за до приклучувањето на автопатот „Ибрахим Ругова“, Приштина ги има завршено.

За патот Призрен - Тетово, откако ги имплементиравме договорите меѓу двете влади и го потпишаа тогаш двајцата премиери, почнавме со другите фази, при што беше потребно да се ратификуваат овие договори во Собранието и да се издвои буџет. Почнавме од косовска страна, за нашиот дел од работата што се однесува на патот од јужниот излез на автопатот „Ибрахим Ругова“ кај Призрен, до во близина на тунелот, веќе ја започнавме реализацијата, тендерските постапки се завршени, договорот е потпишан и работите се започнати, истакна Алиу.

Косовскиот премиер Албин Курти заедно со министерот Алиу на 14 август го посети почетокот на работите на патот Призрен - Тетово, при што изјави дека тој пат „ги поврзува двата историски града на двете соседни земји и е од особено значење, како за граѓаните, така и за стопанството“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk