logo
logo
logo

Албанската опозиција поднесе барање за разрешување на претседателот Бајрам Бегај, СП ги негира обвинувањата

Vecer | 15.10.2025

Албанската опозиција поднесе барање за разрешување на претседателот Бајрам Бегај, СП ги негира обвинувањата

Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат уставниот поредок.

-Барањето е детално образложено и убедени сме дека претседателот Бегај повеќе не може да продолжи на оваа позиција „де јуре“,  изјави Барди.

Коментурајќи го ова прашање, координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, категорично се спротивстави на иницијативата, сметајќи ја за "неуспешен обид за отстранување на претседателот од функцијата". 

Тој додаде дека претседателот  Бегај не сторил никаков прекршок и барањето за разрешување ќе биде одбиено од Парламентот.

Бегај (58),  довербата да биде шеф на државата, од парламентот, ја доби на 4 јуни 2022 година, со петгодишен мандат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk