logo
logo
logo

Албанската морнарица ќе добие италијанска корвета

Vecer | 02.04.2025

Албанската морнарица ќе добие италијанска корвета

-Денеска имаме тактичка база на НАТО, со флота хеликоптери а наскоро со голем воен брод, покрај малите. Ќе располага со три нови воени бродови. Ова е само почеток на трансформацијата. Воената индустрија почна да ги поставува темелите. Ќе ја обновиме авијациската школа. Склучивме договор со многу моќен меѓународен партнер, рекол Рама, не наведувајќи детали.

Според медиумите, бродот кој набрзо треба да доплови на албанскиот брег, ќе биде од типот корвета, од класата Касиопеа (Cassiopea) на италијанската морнарица. Овие типови на бродови се помали од разурнувачките или фрегатите, но се опремени за различни поморски задачи, како што е крајбрежната одбрана или надзор.

Премиерот Рама рече дека за време на неговата влада вложувањата  во војската се десеткратно зголемени. Тој нагласи дека денеска платите во армијата се највисоки во регионот.

-Беше најлошо платената армија во Европа и потоната во корупција. Денес е најдобро платената армија во регионот. Штотуку ја надминавме Србија според платите во армијата. Целта е во четвртиот мандат во Албанија 2030 година, просечната плата да биде на просечната плата на земјите од НАТО, најави Рама.

Медиумите наведуваат дека испораката на бродот ќе се изврши со свечена церемонија, на која се очекува да присуствува и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk