logo
logo
logo

Албанија на една година го затвори ТикТок

Vecer | 07.03.2025

Албанија на една година го затвори ТикТок

Министерката за образование Огерта Манастрилиу рече дека службениците се во контакт со ТикТок за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата.

- Властите одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препорачaа и поддржаа затворање или ограничување на платформата ТикТок“, рече министерката.

Албанската влада ја покрена постапката минатата година кога тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември по расправија што започна на ТикТок.

Кога албанскиот премиер Еди Рама во декември изјави дека имаат за цел да ја затворат социјалната мрежа, ТикТок побара итно појаснување од албанската влада во врска со случајот со убиството со прободување со нож на тинејџер од негов врсник.

Рама вчера изјави дека се во позитивен дијалог со компанијата и дека претставниците на ТикТок наскоро ќе ја посетат земјата за да понудат „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.

Компанијата претходно соопшти дека „не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на ТикТок“ и истакна дека бројните извештаи всушност потврдиле дека видеата што доведоа до инцидентот биле објавени на платформа различна од ТикТок.

Децата ја претставуваат најголемата група корисници на ТикТок во Албанија.

Загриженоста почна да расте кај родителите по извештаите за деца инспирирани од содржината на социјалните мрежи кои носат ножеви на училиште или по случаите на малтретирање поттикнати од приказните што ги гледаат на оваа платформа.

Опозицијата не се согласи со затворањето на ТикТок и закажа протести поради тоа за 15-ти март. Опозицијата смета дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk