logo
logo
logo

Албанија го осуди приведувањето и протерувањето од Србија на двајца нејзини државјани

Vecer | 24.01.2025

Албанија го осуди приведувањето и протерувањето од Србија на двајца нејзини државјани

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија на Фејсбук објави дека синоќа го повикале амбасадорот на Србија во Тирана, Слободан Вукчевиќ и изразиле жалење и сериозна загриженост за приведувањето и депортирањето на двајца претставници на граѓанското општество од Албанија.

„Тие потези не се во согласност со нашата желба и напор за одржување на добрососедските односи и имаат негативно влијание врз слободното движење на нашите граѓани“, соопшти Министерството.

Министерството додаде дека побарало појаснување во врска со случајот и дека ја нагласува потребата српските власти да ги разгледаат  и да ги земат во предвид жалбите по донесените одлуки.

Беше побарано и да не се дозволи повторување на вакви настани во иднина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk