logo
logo
logo

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Vecer | 27.10.2025

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

- Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија на лицето  Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Македонија, објавија медиумите.

Тој бил баран со меѓународна потерница бидејќи судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога.

Дваесет и деветгодишниот Гитлан беше уапсен во почетокот на минатиот месец на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница при излез од Албанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk