logo
logo
logo

Албанец ќе плати 900.000 евра отштета на семејството на Гркинка, која ја силувал и ја убил

Vecer | 16.01.2025

Албанец ќе плати 900.000 евра отштета на семејството на Гркинка, која ја силувал и ја убил

Злосторството се случило во 2018 година, а по убиството на Елени, нејзиното семејство доживеало голема душевна болка и тага, објави Балкан Инсајт.

Албанецот, кој тогаш имал 19 години, три часа ја силувал и мачел Елени со друг Грк, а потоа ја однел на изолирано место и жива ја фрлил од карпа во морето. Тие се вратиле на местото на злосторството и се обиделе да го исчистат за да ги прикријат доказите.

Тие се осудени на 15 години затвор.

Родителите, бабата и другите роднини на Елени поднеле жалба до граѓанскиот суд и барале отштета за душевната болка што ја претрпеле.

Судот пресудил дека Албанецот мора да му плати на семејството вкупно 905.000 евра и тоа:

• 240.000 евра на таткото Јоанис

• 240.000 евра на мајка Киријаки

• 200.000 евра на братот

• 100.000 евра на бабата

• 100.000 евра на наследниците на покојниот дедо

• 25.000 евра на чичковците

Поради несоодветно поднесување на тужбата, судот ја отфрлил тужбата против Гркот кој исто така учествувал во силувањето на Елени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk