logo
logo
logo

Радев бара Унгарија да ја убеди Македонија за уставните измени

Vecer | 20.10.2025

Радев бара Унгарија да ја убеди Македонија за уставните измени

Разговаравме за ситуацијата во Западен Балкан и проширувањето на ЕУ. Бугарија останува движечка сила зад овие процеси и ние ги поддржуваме нашите соседи на европскиот пат, но инсистираме проценката да се прави врз основа на сопствените заслуги. Ја повикав унгарската страна, која има растечки пријателски односи со Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената на Уставот и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во ЕУ. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев по средбата со Тамаш Сујок, објави БГНЕС.

„Одлична можност да се продолжи со конструктивниот дијалог. Ги забележуваме вековните историски и културни врски меѓу вашите две земји“, рече Радев.

Нашето партнерство е примерно, нагласи тој, истакнувајќи:

„Унгарија е меѓу водечките странски инвеститори во нашата земја, трговијата расте. Во рамките на ЕУ, имаме слична позиција дека поврзаноста е важен услов за економски развој.“ „Соработката во енергетиката со напорите за нови интерконекции и диверзификација на снабдувањето со гас е индикативна. Ова е признато со благодарност од унгарската страна“, продолжи Радев.

Бугарскиот шеф на државата ѝ се заблагодари на Унгарија за нејзината поддршка за приклучување кон Шенген и за зачувување на споменот на бугарските војници од Втората светска војна.

„Бугарската заедница во Унгарија има важно место. Му благодарам на претседателот Шујок што ги вклучи претставниците на овие организации во неговата делегација“, рече Румен Радев.

„Само пред неколку дена во Унгарија, бугарската градинарска традиција беше внесена во регистарот на нематеријално културно наследство во Унгарија“, прецизираше тој.

Ставот за мир преку дипломатија во Украина е рационален, рече Радев за уште една од темите што се дискутираа, во контекст на претстојната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Будимпешта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk