Протестите на студентите кои потоа деновиве се трансформираа во политички демонстрации имаат своја цена. Возилата за превоз, храната, транспарентите, средствата за насилства кои се фатени и прикажани деновиве како бејзбол палки, заштитни прслуци, шок бомби, спрејови за неутрализација на лица... чинат пари, а бидејќи протестите траат повеќе од три месеци се работи за голем износ.
По објавување на видеото од два часа како се организира насилен упад и преземање на државната телевизија РТС полицијата изврши апсења на шестмина од учесниците во планирањето, а потоа најде возило Цитроен паркирано однапред пред зградата на РТС во кој се чувани голем број средства за насилство и експлозивни направи како димни бомби, солзавци и шок бомби, десет молотови коктели со бензин оставени таму да чекаат кога демонстрантите ќе дојдат до зградата на РТС и да ги преземат.
Тој Цитроен со германски регистарски таблички е возило украдено од Босна, натоварено и оставено пред зградата на РТС. Ваквиот чин бара стручна организација и пари. Кој е организаторот, и кој платил за возилото и средствата за насилство натоварени во него.
На ден пред демнонстрациите, како и утрото потоа, при влез во Белград вршени се претреси по случаен избор на повеќе возила, еве што се е пронајдено во нив:
Патем, на протестите учествуваат и “невладини активисти“ од Хрватска, Црна Гора, Романија па и од Македонија.
Прашањето е кој ги плаќа тие трошоци и што бара да му се испорача за возврат бидејќи никој во светот не дава милиони евра без причина.
Според изјави на владата на САД, само од УСАИД, милиони евра се потрошени за обиди за обоена револуција во Србија, а на тоа треба да се додадат милиони евра и од неколку европски државни директни фондови или пари исплаќани преку невладини организации кои се јавуваат постојано на протестите.
Како што може да се види на видеото блокаторите се обезбедени храна и пијалоци, пакетчиња вода, гајби со овошје, храна спакувана како од ресторан, душеци, постелнина, перници во нов целофан, кутии со хигиенска опрема...
Видеото е од кујната за протести на Медицинскиот факултет во Белград, а вакви има на десетина локации
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата