logo
logo
logo

ДЕБАКЛ НА БЛОКАДЕРИТЕ ВО СРБИЈА: Само 8,1% поддршка за “студентите“, а 48,2 за Вучиќ и СНС

Vecer | 02.09.2025

ДЕБАКЛ НА БЛОКАДЕРИТЕ ВО СРБИЈА: Само 8,1% поддршка за “студентите“, а 48,2 за Вучиќ и СНС

Српската напредна партија има поддршка од 48,2 проценти од гласачите, додека студентскиот список е споменат од 8,1 процент од испитаниците!

СНС го подобри својот рејтинг за 1,6 проценти во споредба со претходниот месец и сега е блиску до апсолутно мнозинство.

Ова го покажува најновото редовно месечно истражување на агенцијата Ипсос, кое ги анализирало политичките рејтинзи на партиите и движењата, но само на оние кои се целосно формирани и чиј состав и лидери се познати. Анкетата е спроведена минатиот викенд на репрезентативен примерок од 1.220 испитаници од Србија, без Косово и Метохија.

На испитаниците им беше поставено прашањето: „Доколку на парламентарните избори за Собранието на Србија учествуваа само партии, а не коалиции, за кого би гласале во тој случај?“

Еве што рекоа граѓаните:

* Српска напредна странка - Александар Вучиќ 48,2 отсто

* Студенти 8.1

* Движење крени-промени - Саво Манојловиќ 6.2

* СПС - Социјалистичка партија на Србија - Ивица Дачиќ 5.3

* Партија на слободата и правдата - Драган Ѓилас 5

* Национално движење на Србија - Мирослав Алексиќ 3,3

Другите партии се под цензусот од 3%

* Нов ДСС - Милош Јовановиќ 2.6, голема надеж на српските соросоиди има скромен учинок

* ДС - Демократска партија - Срѓан Миливојевиќ 2.1, некогаш влаеачката партија на Зоран Ѓинѓиќ

* СДС (Социјалдемократска партија) - Борис Тадиќ 0,3, поранешниот српски претседател е под границата на статистичка грешка

По десет емсеци насилни протести, блокади, напади врз полицијата и граѓани... блокадерите и опозицијата немаат поддршка во јавноста, а рејтингот на СНС, партијата на Вучиќ - пораснал.

Во српската јавност со години наназад анкетите на ИПСОС се сметаат за најрелевантни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk