Во реонот на базата на српските вооружени сили „Дебела Глава“ вчера околу 15 часот, маскирана група Албанци нападнала припадници на српските вооружени сили, јавува РТС.
Според медиумите, вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српската војска.
Во таа прилика, било погодено куче кое било во непосредна близина на патролата.
Вооружена група со шест џипови избегала во правец на автономната покраина Косово и Метохија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата