logo
logo
logo

Драма во марината

ГОРИ ЈАХТАТА НА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН ВО БУДВА, се запалија уште 2 пловила

Vecer | 17.08.2025

ГОРИ ЈАХТАТА НА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН ВО БУДВА, се запалија уште 2 пловила

Пожарникарите и полицијата вечерва интервенираат во марината во Будва, каде што избувна пожар на јахта која, според Телеграф, му припаѓа на бизнисменот Брацо Мирановиќ.

Уште две јахти горат во марината во Будва во радиус од петстотини метри.

Пожарот на јахтата на Мирановиќ бил забележан рано навечер, а екипите веднаш излегле на терен.

Заедно со пожарникарите, на местото на настанот е и полицијата, која ја следи ситуацијата и обезбедува безбедност во марината.

Точната причина за пожарот сè уште е непозната, а властите ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на инцидентот.

Од пристаништето во Будва информираа за „Вијести“ дека нивните екипи ја извлекле јахтата на Мирановиќ од марината и ја извеле на отворено море, за безбедноста на другите пловила.

Раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва, Драган Божовиќ, изјави дека седум екипи биле ангажирани во гаснењето на пожарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk