Обожавателите на Марко Перковиќ Томпсон се собраат во центарот на Загреб и се упатуваат кон Хиподромот, каде што се очекува неговиот концерт околу 21:00 часот. Организаторите проценуваат дека на настанот ќе бидат присутни повеќе од половина милион луѓе.
Околу три часа пред почетокот на концертот на Марко Перковиќ Томпсон, реки од луѓе се приближуваат кон Хиподромот. Сите четири ленти на Мостот на слободата се преплавени со луѓе, толпи се формираат и на бројните влезови на самото место на концертот, а повеќе не е можно да се влезе во трговскиот центар „Авенју Мол“ во Сигет.
Обезбедувањето повеќе не им дозволува на луѓето да влезат во трговскиот центар низ ниту еден од трите влеза поради преголемиот број луѓе внатре, особено на вториот кат каде што се наоѓаат угостителските објекти. Според некои информации, „Авенју Мол“ се затвора целосно за денес, додека според други, влезот треба повторно да се отвори кога ќе се намалат толпите.
Сите безбедносни служби и редари, како и бројни членови на организацискиот тим на Томпсон, се на терен.

Концерт на пејач познат по своите пронацистички симпатии ќе привлече рекордни 450.000 обожаватели во Загреб овој викенд, а хрватските власти во среда ги предупредија граѓаните да ја избегнуваат областа поради очекуваниот колапс на сообраќајот, пишува АФП. а пренесува Дневник.хр
АФП го дефинира пејачот Тимпсон и враќањето на нацистичката култура и идологија во Хрватска преку негвите настапи и неговата публика:
“Во последниве години, Хрватска бележи растечка толеранција кон своето пронацистичко минато, а критичарите ги обвинуваат властите дека не ја санкционирале употребата на усташките симболи.
Усташите прогонувале и убиле стотици илјади Срби, Евреи, антифашистички Хрвати, Роми и други во концентрациони логори за време на Втората светска војна.
Иако таканаречената усташка Независна Држава Хрватска била нацистичка марионета, нивните современи симпатизери ги гледаат лидерите на режимот како основачи на нацијата.
Центарот „Симон Визентал“, водечка еврејска група за човекови права, го обвини Томпсон за величење на геноцидот во неговите текстови и рече дека прикажувањето на усташките симболи на неговите концерти не било „ниту случајност ниту грешка“.

Но, историчарот Хрвоје Класиќ за АФП изјави дека популарноста на пејачот не ја одразува зголемената поддршка за крајно десничарските движења во општеството.
Огромното мнозинство обожаватели го сметаат Томпсон за „патриот, кој ги претставува традиционалните вредности како татковина, религија, семејство“, изјави Класиќ за АФП.
„Хрватското општество традиционално се наклонува малку кон десно, со патриотски набој.“
На последните парламентарни избори, сепак, Движењето на татковината (ДП), познато по својата националистичка и антимигрантска реторика, се приклучи на коалициската влада“ пишува АФП.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата